Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 % во однос на Одлуката од 6.9.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката од 06.09.2021 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,552 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,395 денари за килограм.
Од 14.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,395 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 4,142%, дизелот за 0,066%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,11% и кај мазутот има зголемување за 2,34%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,343 %.