Стефан Кунц ќе биде новиот селектор на Турција?!

Стефан Кунц ќе биде новиот селектор на Турција?!

пред 3 години

Стефан Кунц, актуелниот селектор на младата германска фудбалска репрезентација би можел да го преземе кормилото на фудбалската селекција на Турција која сега е без селектор, по отказот на Шенол Ѓунеш, пишуваат турските медиуми.

Информациите се дека со 58-годишниот Германец е направен начелен договор.

Кунц како играч, во сезоната 1995/96 една сезона помина во турскиот прволигаш Бешикташ.

Конечната одлука треба да ја донесе Турскиот фудбалски сојуз од каде го сменија Ѓунеш по високиот пораз на Турција од селекцијата на Холандија од 6-1.

Во еден период Кунц се споменуваѓе како кандидат за наследник на Јоаким Лев, но на крајот Ханси Флик ја зазема таа позиција.

Share
Scroll to Top