Борел: Русија сака да не подели, не им е грижа за Европската Унија

пред 3 години

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, тврди дека Русија сака да ја подели Европската Унија преговарајќи само со одредени членки, и оценува дека на тоа треба да се одговори со единство.
„Русија сака да разговара со земјите-членки поединечно, и само со одредени земји, со оние што се важни“, рече Борел за време на пленарната сесија на Европскиот парламент.

За време на дискусијата со европратениците за односите меѓу ЕУ и Русија, тој рече дека единството во рамките на ЕУ треба да биде најголемиот адут во односите со Русија.

„Сакаат да не поделат, не им е грижа за Европската Унија“, тврди тој.

Шефот на европската дипломатија смета дека состојбата на европско-руските односи е потешка од кога било и дека де факто нема вистинска комуникација, пренесуваат агенциите.

Борел посочи дека Русија е сосед на ЕУ и важен глобален актер и оцени дека е потребна нова стратегија со цел односите со таа земја да станат помалку конфликтни, попредвидливи и постабилни.

Тој додаде дека оваа стратегија не смее да подразбира откажување од поддршката за руското граѓанско општество, бидејќи, како што изјави, поддршката за демократијата е еден од главните приоритети на ЕУ.

“Не можеме да бидеме остров опкружен со автократски системи. Ние не би преживеале така”, заклучи Борел.

Share
Scroll to Top