Рускиот политичар Владимир Жириновски, доживеа пех за време на телевизиската рапсрава во пресрет на парламентарните избори во Русија. Додека зборуваше за иднината на земјата, за тоа како треба да се однесува модернио избирач, на Жириновски му паднаа панталоните.
За среќа тој на време успеа да ги фати и како ништо да не се случило продолжи да зборува. Од Либерално демократската партија на Русија го коментираа овој инцидент и сметаат дека зблобниците го искористиле овој кадар како црн пијар.
Сепак тие сметаат дека авторитетот на Владимир Жириновски е пресилен и дека нема начин на кој може да се извалка во неговата изборна кампања.