Поради влошување на епидемиолошката состојба, во Австрија една општина ќе биде ставена во карантин.
Станува збор за општината Бранау ам Ин, на територијата на Горна Австрија, која од сабота ќе биде под посебни мерки.
Имено, граѓаните кои сакаат да ја напуштат општината ќе мора да имаат валиден негативен тест за корона со себе, што ќе го контролира полицијата на излезите од овој град на границата со Германија.
Причината за воведување на оваа мерка, како што објаснија властите на Горна Австрија, е што стапи на сила декретот за високата инциденца на федералната држава, кој предвидува воведување ограничувања за патување, односно тестирање пред напуштање на општината.
Во Бранау, седумдневната инциденца во моментов е превисока, а стапката на целосно имунизирани граѓани е прениска.
Во моментов, само 49,2 проценти од граѓаните во Бранау се вакцинирани, соопштија властите.