Во атарот на кумановското село Табановце, полицајци од Регионалниот центар за гранични работи, во соработка со колеги од полициската станица за граничен надзор Сопот, вчера уапсиле двајца мигранти од Авганистан, А.С.(31) и Д.М.(25).
Како што информираат од МВР, за Авганистаниците постои основано сомнение дека извршиле разбојништво врз 28-годишен мигрант од Индија со иницијали Г.С.Г.
По преземени мерки и по извршен разговор со Индиецот било утврдено дека Авганистанците физички го малтретирале и му одзеле пари.
Украдените пари биле пронајдени кај Д.М., а било утврдено дека сите три лица илегално влегле од Грција на македонска територија и имале намера преку Србија да заминат кон ЕУ.