Американците останаа без селектор

Американците останаа без селектор

пред 3 години

Грег Поповиќ ќе отстапи од кормилото на кошаркарската репрезентација на САД. Тренерот кој има пет НБА титули со Сан Антонио Спарс, стана селектор во 2016 година, по завршувањето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Во ерата на Поповиќ, САД учествуваа на две големи натпреварувања.

На Светското првенство во Кина пред две години, кога едвај успеа да состави тим, Поповиќ со САД го освои седмото место.

72-годишниот тренер, потоа успеа да го однесе тимот до златниот медал на ОИ во Токио и покрај тоа што турнирот го започна со пораз од Франција.

Првиот човек на националниот тим на САД, Грент Хил, соопштил дека името на новиот селектор ќе биде познато пред 19.октомври за кога е закажан стартот на новата сезона во НБА.

Share
Scroll to Top