Астон вила им го нанесе првиот пораз на Евертон во новата сезона, триумфирајќи со 3:0, со што „карамелите“ пропуштија шанса да се израмнат со градските ривали Ливерпул на првото место на табелата.
Мети Кеш во 66. минута имаше фантастичен соло-пробив за да ги донесе Вила во водство, за само три минути подоцна, Лукас Дињ да си постигне автогол, пред во 75. минута, новото засилување на клубот од Бирмингем, Јамајчанецот Леон Бејли да го постигне својот првенец за клубот за убедлив триумф.