Интер може да здивне, повредата на Кореа не е сериона

Интер може да здивне, повредата на Кореа не е сериона

пред 3 години

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги доби добри вести, откако беше потврдено дека аргентинскиот напаѓач Хоакин Кореа добил само модринки и завршил без фрактури по повредата која ја доби при 6:1 победата над Болоња.

Првиот старт во дресот на Интер не помина најдобро за Кореа, кој се судри со противнички играч во 28. минута и беше заменет со Един Џеко. Првите вести зборуваа дека е можна фрактура на колкот, по што Кореа веднаш беше однесен во болница, но за среќа тој помина само со лоша модринка на левиот колк.

Кореа даде два гола во своето деби за Интер, влегувајќи во игра од клупата за 3:1 победа над Верона на 27 август.

Share
Scroll to Top