Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен а сопственикот приведен.
Според информации од страна на полицијата, вчеравечер во 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле, во чиј угостителски објект на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар биле затекнати гости без сертификат за вакцинација.
Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат, а против С.Е. ќе биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, казниво по Кривичниот законик, соопштија надлежните.