Де Хеа по 7 години одбрани пенал, Нобл промаши првпат по 40 обиди!

Де Хеа по 7 години одбрани пенал, Нобл промаши првпат по 40 обиди!

пред 3 години

Иако фудбалерот на Вест Хем, Марк Нобл немаше промашено пенал од последните 40 обиди, поточно од декември 2016 година, попладнево на дуелот против Манчестер Јунајтед не успеа да го совлада Шпанецот, Давид Де Хеа.

Голманот на „црвените ѓаволи“ на тој начин прекина црна серија. За него тоа беше прв одбранет пенал откако претходно 21 од нив не успеваше да задржи, цели 7 години.

Последниот одбранет пенал Де Хеа го имаше во октомври 2014. година.

Еве како изгледаше денешната ситуација:

Share
Scroll to Top