Гласините за iPhone 13 беа точни, а оваа серија имплементираше помал засек за камерите во екранот. Меѓутоа, Apple и натаму го задржа засекот, а ова би можело да се промени со објавата на iPhone моделот за 2022. година. Ова го сугерира аналитичарот Минг Чи-Куо.
Според информациите на Куо, корисниците се уште нема да добијат вистински edge-to-edge дисплеј, бидејќи Apple засекот во екранот ќе го замени со punch-hole отвор за предната камера кај iPhone 14 линијата.
Покрај тоа, Куо тврди дека на iPhone моделите следната година нема да се врати Touch ID. Аналитичарот истакнува дека Apple работи на Touch ID решение во екранот, но се очекува дека тоа ќе дебитира дури на iPhone моделите во 2023. година.
Не е познато зошто на Apple му е потребно толку време да ја имплементира технологијата, со оглед на тоа што Android телефоните со сензори за отпечатоци од прсти под екранот постојат веќе неколку години.