Ф1 тимот Хас и во наредната сезона ќе настапи со истите возачи, Мик Шумахер и Никита Мазепин. Овие двајва сезонава дебитираа во Ф1 шампионатот, претходно се натпреваруваа во Формула 2.
Шумахер и Мазепин, во досегашниот тек од сезоната, не освоиле ниту еден бод. Оправдување може да им биде тоа што тимот не е конкурентен, бидејќи ги штеди ресурсите за наредната сезона, кога во сила ќе стапат новите правила.
„Тековната година им овозможи да учат. И се радуваме на 2022 година во која Мик и Никита ќе добијат конкурентен болид и ќе можат да ги покажат своите квалитети“, рекол шефот на Хас, Гантер Штајнер.
Наредната трка во првенството ќе се вози во недела, на патеката во Сочи.