ДУИ го претстави четвртиот приоритет – Зелената агенда

пред 3 години

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), денеска го претстави четвртиот приоритет на платформата за локалните избори, Зелената агенда.

Насер Нуредини од ДУИ на денешната прес конференција истакна дека оваа Платформа и петте приоритети, кандидатите за градоначалници мора да им се придржуваат, бидејќи оваа Платформа ветува поразвиени општини, повисок животен стандард и вклученост на граѓаните во донесувањето
одлуки.

Нуредини нагласи дека Зелената агенда предвидува чисти градови, без отпад на нашите улици и населби, чиста вода за пиење во сите општини,
чист воздух, модерна патна инфраструктура, чиста и достапна енергија за сите граѓани.

„Зелената агенда значи заштита на водата, обезбедувајќи чиста вода за пиење за секој граѓанин без разлика дали живее во урбани или рурални
средини, како и изградба на канализациони мрежи, пречистителни станици како и чисти езера и чисти речни корита“, рече Насер Нуредини од ДУИ.

Share
Scroll to Top