Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се повреди вчера на натпревар од Купот на Хрватска и најверојатно ќе ги пропушти октомвриските квалификации за Светското првенство во Катар. Македонија во октомври ќе игра два натпревара, прво ќе гостува кај Лихтенштајн, а потоа ќе биде домаќин на Германија.
„Капитенот Адеми се повреди пак. Почувствува болка. Ќе видиме каква е неговата состојба. Се надеваме дека повредата не е сериозна“, рекол за клупскиот сајт, тренерот на Динамо, Дамир Крзнар.
Адеми, поради повреда, претходно ги пропушти квалификациските натпревар против Ерменија, Исланд и Романија.