Абрахам е новиот херој на „волчицата“ – прво ја пееше химната, па донесе победа!

Абрахам е новиот херој на „волчицата“ – прво ја пееше химната, па донесе победа!

пред 3 години

Теми Абрахам мораше да биде убедуван да го напушти Челси и да пристигне на „Олимпико“ под водство на Жозе Мурињо, но тоа најверојатно беше една од најдобрите одлуки во неговата кариера, откако Англичанецот веднаш стана миленик на публиката.

На искрената поддршка од трибините, Абрахам врати со својот трет гол во седум меча во дресот на Рома, овојпат одлучувачки за 1:0 победа над Удинезе. Тој прво ја пееше химната на клубот заедно со фановите на „Олимпико“, за во 36. минута да го забие победничкиот гол против Удинезе, за враќање во ритам по изненадувачкиот пораз од Верона во претходното коло, кога тој се извинуваше на сопствените навивачи.

23-годишниот Абрахам сега овој викенд ќе има шанса да присуствува на првото градско дерби со Лацио, прво за него и за неговиот тренер Мурињо. Со победата, Рома е на четвртото место на табелата со 12 поени, еден помалку од Интер и Милан и три зад лидерот Наполи.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top