Ковач и Салихамиџиќ го минирале трансферот на Вернер во Баерн

Ковач и Салихамиџиќ го минирале трансферот на Вернер во Баерн

пред 3 години

Тимо Вернер имал потпишан договор со Баерн Минхен, се откажал откако дознал дека тогашниот тренер Нико Ковач и спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ, не го сакаат во клубот.

Ексклузивата на „Билд“, вели дека Вернер во сезоната 2018/2019, се договорил со Баварците, во 2020 година од Лајпциг да се пресели во Минхен. Тој и потпишал договор со Баерн, но самиот се повлекол откако дознал дека не им и по волја на тренерот Ковач и спортскиот директор Салихамиџиќ.

„Билд“, додава дека овој дел во врска со договорот на Вернер, кој го договорил тогашниот претседател Ули Хенес, бил откриен во спорот помеѓу двајца менаџери, кои на суд ќе се соочат на 28.септември.

Вернер, откако му пропадна трансферот во Баерн се пресели во Челси за речиси 45 милиони евра.

Share
Scroll to Top