Светскиот диџеј Стив Аоки сака да го замрзне телото за да го оживеат во иднина

Светскиот диџеј Стив Аоки сака да го замрзне телото за да го оживеат во иднина

пред 3 години

Познатиот светски диџеј Стив Аоки (43) сака да живее вечно. Тој верува дека неговата идеја е изводлива ако го замрзне телото по смртта, а потоа во иднина, кога ќе се најде формула за вечен живот, да го одмрзнат и оживеат. За својата замисла Аоки раскажал во интервјуто кај новинарот Греам Бенсинџер.

„Постои можност да живеам засекогаш. Ако моето тело се замрзне, а мојот мозок достигне одредена температура, тоа е технички слично како да сум бил мртов три минути. Потоа телото ќе се одмрзне и ќе се врати во живот“, вели познатиот диџеј во интервјуто.

Желбата за вечен живот кај Аоки се појавила во 2008 година, кога неговиот татко Роки починал од рак на црниот дроб.

„Мојот ум не можеше да верува дека тој навистина ќе умре. Гледав дека е мртов, бев со него во болничката соба, но не можев да го прифатам тоа. Затоа сега сакам да преземам нешто за себе и за моето семејство“, додал тој.

Share
Scroll to Top