Пејачот Јасмин Алиевски, кој се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, ја преработи баладата „Еден ден, една ноќ“ од Дино Мерлин . Ова е прва песна на Јасмин по подолго време.
„Можеби не сум активен колку што би требало, но тоа не значи дека ќе биде така и во иднина. Во моментов работам на нешто ново, а пред да го претставам на публиката, во план ми се уште неколку кавери. Ќе препеам песни кои ми се допаѓаат мене и кои мислам дека можам да ги донесам онака како што доликува“, вели Јасмин.
Освен што се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, Алиевски настапувал и на домашните фестивали Охрид фест и Макфест.