Роналдо сака да остане во Јунајтед како тренер за да работи со својот син

Роналдо сака да остане во Јунајтед како тренер за да работи со својот син

пред 3 години

Кристијано Роналдо сака да остане во Манчестер јунајтед и по фудбалската пензија, во обид да стане тренер во тимот и да го надгледува прогресот на неговиот син Кристијано Јуниор, тврди британскиот таблоид „Сан“.

36-годишниот Португалец потпиша двегодишен договор со опција за трета година со својот стар клуб, и се надева дека ќе може да продолжи со играње до својот 40-ти роденден, но потоа планот е да продолжи да биде тренер кај „ѓаволите“, каде што стана ѕвезда кога пристигна како тинејџер под Алекс Фергусон.

Неговиот 11-годишен син Кристијано Јуниор, почна да работи со јуниорските тимови на Јунајтед во Салфорд, заедно со 10-годишниот син на Немања Матиќ, Филип. Јунир претходно играше за младинскиот тим на Јувентус, каде што на 9 години постигна четири гола на еден меч.

„Роналдо јасно им порача на сите дека пристигна во Јунајтед за да помогне да се освојуваат трофеи. Но, во умот, тој не планира да игра уште долго. Многу фудбалери почнале со тренерската кариера во Јунајтед и тој смета дека тоа е добра околина за следниот чекор во неговата кариера. Тој е опседнат со фудбалот и ги познава сите детали на играта“, вели неименуван извор за „Сан“.

Share
Scroll to Top