За шест часа, казнети 95 пијани возачи

пред 3 години

Полицијата вчера казни 95 возачи кои возеле под дејство на алкохол, информира МВР.

Во текот на вчерашната вечер во периодот од 22 до 04 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата при што санкционирани се 95 возачи. Од нив, 18 на територијата на СВР Битола, 17 на територијата на СВР Тетово…

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Share
Scroll to Top