За незаконит лов приведени две лица од кочанско

пред 3 години

Вчера, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Д.Ј.(35) од с.Чешиново и А.М.(18) од с.Облешево, општина Чешиново – Облешево, поради постоење основи на сомнение дека во атарот на с.Спанчево сториле кривично дело „незаконит лов“.

Во врска со случајот повикан бил А.Ј.(57) од с.Чешиново.

Кај А.Ј. и Д.Ј. биле пронајдени и времено одземени три ловечки пушки.

Запознаен е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, најавија надлежните.