Макрон и неговата сопруга тужат фотограф за повреда на приватноста

пред 3 години

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга поднесоа тужба против фотограф за нарушување на приватноста, откако фотографија од претседателот како скија на вода во костим за капење за време на одмор, беше изложена на изложба во Париз, објавија денеска француските медиуми.

Во уметничка галерија во близина на Елисејската палата се одржала изложба со наслов „Претседателите на Републиката на нивните места за одмор“, пишува „Ројтерс“.

Макрон и неговата сопруга поднеле тужба против фотографот за нарушување на приватноста, дополнува француското радио Европа 1.