Лажна дојава за бомба имало пред денешната прес-конференцијата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот Зоран Заев, соопштија од МВР.
„Денеска во Скопје полициски службеници го приведоа И.М., кој во 10.32 часот во СВР Скопје телефонски пријавил дека при посетата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен, ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата“, информираат од полицијата.
Од таму додаваат дека преземени биле потребните мерки и активности и утврдено било дека пријавата е лажна.
Лицето е приведено и задржано во полициска станица за натамошна постапка, по насоки на јавен обвинител.
Од МВР посочуваат дека лажната пријава нема да влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда.





