Гостиварското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Обвинетиот, на 18 август, во Скопје набавил марихуана и ја пренел во стан во Гостивар, со намера да ја препродаде.
При претрес во станот биле пронајдени 1.765 грама марихуана во повеќе различни пакувања.
Надлежниот обвинител до основниот суд во Гостивар доставил предлог за продолжување на претходно определениот притвор за обвинетиот.