Гостувањето на Белградска филхармонија во Скопје, на 9 октомври е откажано, поради ненадејната смрт на директорот Иван Тасовац, кој почина синоќа, во својот дом во Белград.
На сите кои купиле билети за овој настан, ќе им бидат рефундирани средствата, информираат од Македонската филхармонија.
Од таму додаваат дека гостувањето ќе се реализира во наредниот период, а за конкретниот датум ќе следи дополнителна информација.