(Видео) Само преку мене мртов Хју Џекман може да биде Бонд, рече Даниел Крег откако ја одигра последната улога на тајниот агент

пред 3 години

Откако и официјално стана јасно дека Даниел Крег повеќе нема да го глуми Џејмс Бонд, во јавноста почнаа шпекулациите околу тоа кој ќе биде новиот таен агент. Водителката Лорејн Кели го праша глумецот за мислење и што ќе се случи ако таа улога ја добие Хју Џекман.

„Знаете дека сите сега се прашуваат кој ќе биде новиот Бонд. Хју Џекман ви порача да уживате додека можете“, му рече Кели, а Крег и одговори дека само преку него мртов Хју ќе биде Бонд.

Џекман ја прифати шегата и му одговори на Крег на „Твитер“ дека за него тој секогаш ќе биде Бонд. Џекман се врзуваше за улогата на Бонд уште во 2006 година, кога требаше да се одлучи меѓу тајниот агент или Вулверин. Хју реши да се проба во улогата на популарниот X-мен.

„Не сакав да глумам во две така важни улоги во исто време“, рече тојгаш Џекман.

Share
Scroll to Top