ВМРО-ДПМНЕ го осуди сквернавењето на бистите на Анте Поповски и Славко Јаневски

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ го осуди вандалскиот чин на сквернавење на бистите на Анте Поповски и Славко Јаневски.

„ВМРО-ДПМНЕ најстрого го осудува вандалскиот чин на сквернавење на бистите на Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга. Ваквите сквернавења на споменици и бисти на личности од значење за македонската историја, култура и литература се директно инспирирани од Зоран Заев, кој во изминатиов период покажа негрижа кон истите, но и сам повикуваше и сквернавеше одредени споменици“, велат од партијата.

Според нив, Заев не ги почитува великаните кои со својот живот и дело се вградиле во колективната меморија на овој народ.

Share
Scroll to Top