17-годишно момче загина во сообраќајка на патот Охрид – Кичево, автомобилот го управувал негов врсник

пред 3 години

Седумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила на патот Охрид – Кичево, кога автомобилот во кој бил, а бил управуван од негов врсник, излетал од патот.

Според информациите на МВР, утрово во 03 часот кај село Ботун автомобил „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управуван од 17 – годишен малолетник од село Лешани, општина Дебарца излетал од патот.

Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, а неговиот 17 – годишен сопатник од село Мешеишта, општина Дебарца од здобиените повреди починал на самото место.

Увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Share
Scroll to Top