Нобеловата награда за физика ја делат тројца научници

пред 3 години

Научниците Шјукуро Манабе, Клаус Хаселман и Џорџо Паризи се добитниците на Нобеловата награда за физика во 2021 година за нивниот „револуционерен придонес во разбирањето на сложените физички системи“, објави Шведската кралска академија на науките.

Манабе (90) е американски државјанин, Паризи е Италијанец, а Хаселман е Германец.

Името на добитникот на наградата за хемија ќе биде објавено во среда, во четврток за литература и во петок за мир.

Наградата за економија ќе биде објавена во понеделник, завршувајќи го годинашниот циклус.

Share
Scroll to Top