OnePlus објави тизер со кој најавува дека OnePlus 9 RT ќе биде претставен на 13. октомври во Кина. Телефонот претходно веќе забележан во бенчмарк базата и од старт ќе користи Android 11, а пристигнува во три бои.
Сега се појавија и првите рендери, кои се совпаѓаат со она што може да се види на официјалниот тизер. Главниот фокус на овие фотографии е системот со камери на задната страна.
OnePlus 9 RT треба да има екран од 120Hz, 4500mAh батерија и поддршка за брзо полнење од 65W – идентични карактеристики како и неговиот претходник (OnePlus 9R).
Разликата помеѓу овие модели е надградениот главен сензор на камерата, а гласините го споменуваат Sony 50MP IMX766. Би можеле да добиеме и надградба на чипсетот од Snapdragon 870 на Snapdragon 888.