Руското министерство за одбрана ги претстави техничките карактеристики на новото ултралесна ракета-носач „Иркут“.
Материјалот е објавен во новиот број на списанието „Вселенска техника и технологија“, кое го објавува ракетната и вселенска корпорација „Енергија“, пренесува РИА Новости.
Планирано е новата ракета да биде лансирана од космодромот Плесецк, а се претпоставува дека ќе има два вида ракети -за еднократна и повеќекратна употреба.
Масата на ракетата за еднократна употреба ќе биде 23,6 тони, а ќе може да однесе 584 килограми товар во орбитата на Земјата (200 километри).
Ракетата за повеќекратна употреба ќе тежи 25 тони и ќе може да носи 398 килограми товар во орбитата на Земјата.
Првото лансирање на двата вида ракети е планирано за 2024 година.