Илон Маск ја сели компанијата „Тесла“ од Калифорнија во Тексас

Илон Маск ја сели компанијата „Тесла“ од Калифорнија во Тексас

пред 3 години

Милијардерот Илон Маск рече дека неговата компанија „Тесла“ ќе ја пресели во Тексас. Компанијата која се занимава со производство на електрични автомобили, во моментов се наоѓа во Калифорнија, во близина на првото седиште во Сан Карлос и првата фабрила во Фримонт.

Маск рече дека на тоа подраје постои ограничена можност за зголемување на инфраструктурата.

„Возбуден сум што можам да објавам дека се селиме во Остин во Тексас“, рече извршниот директор на состанокот на акционерите на „Тесла“.

Тој наведе и други пречки како што е достапноста на стамбениот простор и други патувања до работното место и додаде дека фабриката во Остин е оддалечена само 15 минути од градот и пет минути од аеродромот. Просечната цена на куќата во Калифорнија е 3,3 милиони долари.

Иста таква куќа во Остин се продава за 588.000 долари, пренесува „Си-ен-ен“. Маск на крајот на минатата година рече дека ќе се пресели во Тексас, а една од неговите други компании „Спејсикс“, разви масивен ракетен систем „Старшип“ во јужен Тексас.

Маск рече дека „Тесла“ има намера да се шири во Калифорнија и покрај тоа што се сели во Тексас.

„Овде не се работи за некакво заминување на „Тесла“ од Калифорнија“, рече тој и додаде дека компанијата има намера да го зголеми производството во своите фабрики во Фримонт и Невада за 50%.

Во мај 2020 година, Маск во низата твитови најави дека „Тесла“ ќе го премести својот штаб во Тексас или Невада. До тоа не дојде поради спорот кој го имаше со официјалните лица во Калифорнија, кои го водеа околу безбедносните мерки во фабриката на „Тесла“ во Фримонт за време на пандемијата со коронавирусот.

 

 

Share
Scroll to Top