ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов сече дрвја за да му се гледаат билбордите

пред 3 години

Се моли Шилегов да не зборува за дрвја во Скопје, бидејќи ги исече за да му се гледаат билбордите, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„За дрвореди и за дрвја е лицемерно кога зборува Шилегов, бидејќи тој е човекот што сече дрвја за да се гледа билбордот на Филип Темелковски. Шилегов е човекот под чија наредба беа исечени дрворедите на улицата Орце Николов и со чија дозвола се пустошат сите зелени површини“, сметаат од партијата.

Од таму додаваат дека Скопје руши рекорди по загаденост секоја зима и е на врвот на светските листи на градови со најзагаден воздух.

„Минатата зима загадувањето беше намалено поради рестриктивните мерки за движење на граѓаните и карантинот за време на викендите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде сметаат дека тезата на Шилегов оти се намалило загадувањето е несоодветна.

Од таму додаваат и дека за субвенциите за инвертер клими, Шилегов допрва ќе треба да одговори.

„По кој принцип се делени и зошто наместо во приградските населби каде што има потреба, тие се делени во Центар на лица кои живеат на улица Македонија и строгиот центар на градот“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Share
Scroll to Top