Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Грција.
Според локалните медиуми, епицентарот на земјотресот бил регистриран во близина на Крит.
Црквата Свети Никола во градот Ксирокампос на исток од Крит се сруши откако грчкиот остров беше погоден од земјотрес со јачина од 6,3 степени, а пријавени се штети и на други згради во таа област.
Ο νέος σεισμός στην Κρήτη είχε μέγεθος 6,3 Ρίχτερ και έβγαλε για ακόμα μία φορά τον κόσμο στους δρόμους.#σεισμός https://t.co/8IHBWDXWZs
— NewsIt (@NewsItFeed) October 12, 2021
Земјотресот го погоди Крит и другите егејски острови, а жителите на Ираклион излегоа на улиците. Набргу по силниот земјотрес од 6,3 степени, следеше уште еден земјотрес од 4 степени, по што започнаа свлечишта.
Пожарникарите се во состојба на готовност, а има наредба за евакуација на училиштата, пренесува грчкиот портал „Катимарини“.
Άν δείτε το βίντεο ο #σεισμός ήταν 6,4 ρίχτερ κράτησε περιπου 29 δευτερόλεπτα με συνεχείς αυξομειώσεις της έντασης του .
Είχα ένα ράπισμα μήκους 5 μέτρων στην αποθήκη του μαγαζιου
Ελπίζω να μην έχουμε χειρότερα. #κρητη #earthquake pic.twitter.com/xBNA0nLDIk— Μανόλης della Creta (@baxebanis) October 12, 2021
Според сведочењето на жителите на Крит објавено на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил силен и траел неколку секунди.
Сеизмологот Герасимос Пападопулос напиша на Фејсбук дека по силниот земјотрес во морето југоисточно од Крит, се формирало мини цунами и предупреди никој да не се приближува до брегот. Како што претходно објави Институтот за геодинамика во Атина, епицентарот на земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтер бил во морската област, 23 километри југоисточно од Закрос, на длабочина од 8 километри.
Освен на Крит, земјотресот е почувствуван и на Родос и на другите егејски острови, но и на подрачјето на Атика.