Почина последниот француски борец од Втората светска војна, имаше 101 година

пред 3 години

Последниот француски борец од Втората светска војна кој беше одликуван со орден ‘Другар на ослободувањето’, Хуберт Гермен, почина на 101-годишна возраст, објави денеска француската министерка за одбрана, Флоренс Парли.

„Сакам да ве информирам дека Хуберт Гермен, нашиот последен жив ‘Другар на ослободувањето’, почина. Тоа е важен момент во нашата историја“, рече Парли во Сенатот.

Таткото на слободните француски сили (ФФЛ), Шарл де Гол, го основа Орденот за ослободување во ноември 1940 година за да ги награди лицата или воените и цивилните заедници кои се истакнуваат во ослободувањето на Франција и нејзината империја.

Хуберт Гермен ќе биде погребан во Монт-Валериен, во близина на Париз, на местото каде што беа погубени борците на отпорот за време на Втората светска војна, кое подоцна стана централно меморијално место.

Претседателот Емануел Макрон ќе претседава со церемонијата на 11 ноември кај Триумфалната капија и на гробното место.

Share
Scroll to Top