Во Израел пронајдена винарница стара 1.500 години

Во Израел пронајдена винарница стара 1.500 години

пред 3 години

Во Израел е пронајдена винарница стара 1,500 години, која, според археолозите, важела за најголема во светот во тоа време. Во Јавна, јужно од Тел Авив, биле ископани пет дробилки за грозје. Се проценува дека во винарницата од византиската ера се произведувале два милиона литри вино годишно, пишува „Би-би-си“. По производството, виното било извезувано низ целиот Медитеран. Археолозите што работеле на ископувањата рекле дека се изненадени од големината на винарницата.

Кога ќе завршат конзерваторските работи на локалитетот, планирано е местото да биде отворено за посетители. На површина од околу четиристотини квадратни метри, пронајдени се пет дробилки за грозје, капацитети за складирање и ферментација на виното, просторија за амбалажирање на виното и сушилница за ќупови во кои се чувало виното. Конечниот производ бил познат како вино „газа“ и „ашкелон“, имиња што ги добило според пристаништата од кои било извезувано во Европа, Северна Африка и Мала Азија.

Во тоа време виното по својот квалитет било познато низ Медитеранот, и важело за незаменлив пијалак за многумина.

„Виното било еден од главните извори на храна и безбеден пијалак, бидејќи во тоа време водата многу често била загадена“, вели Џон Селигман, еден од водачите на ископувањата.

Share
Scroll to Top