На полноќ заврши изборната кампања и почна изборниот молк пред Локалните избори што ќе се одржат утре.
Денеска гласаат болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица. Според информациите од ДИК, пријавени се 7.921 болни и немоќни лица, како и 476 лица со Ковид-19 и во самоизолација. Во Избирачкиот список се запишани 1.899 гласачи на издржување казна затвор или притвор, како и 351 лице во установи за вонсемејно сместување.
Првиот круг од локалните избори ќе се одржи утре. Ќе се гласа за 10.831 кандидат од кои 299 кандидати за градоначалници, а другите за советници.