Глумецот Шон Пен се разведува со актерката Лејла со која беше година ипол во брак. Таа има 29 години и е само неколку месеци помлада од неговата 30. годишна ќерка Дилан Пен, а две години постара од неговиот син Хопер, 27. Парот последен пат беше виден заедно на 1 август додека пазареа во супермаркетот „Павилјонс“ по ручекот во „Малибу“.
Не е познато зошто австралиско-американската актерка Лејла Џорџ(29) реши да го остави Шон Пен(61) по 15 бурни месеци брак, а таа веќе ги поднела документите за развод, пишува ДејлиМејл. Третиот брак на Шон Пен започна лани во јули, а актерот досега беше во брак со Робин Рајт од 1996 до 2010 година, со која има две деца, а сите го знаат и по неговата прва жена Мадона, со која беа заедно само четири години.
Sean Penn’s Wife Leila George Files for Divorce After One Year of Marriage https://t.co/Du6oqq2Wtr
— E! News (@enews) October 16, 2021
Медиумите велат дека врската на Пен и Лејла имала подеми и падови пред да се земат минатото лето, но и дека тој имаше преполн работен распоред ова лето. Тие всушност и немаа стандардна свадба туку си кажаа „да“ на Зум-конференција на која присуствувале матичарите, неговите две деца и братот на Лејла.
Според еден извор Пен и Лејла биле скарани, а се смириле во текот на ковид-пандемијата, па бракот бил начин тој пак „да си ја врати“.
– Се собраа, а потоа раскинаа, а Шон ја врати – рекол анонимниот извор. – Сфати дека направи грешка и кога почувствува дека може да ја загуби, работеше напорно за да ја врати.