(Видео) Николовски: Овие избори се доследни на модерниот и европски тренд по кој сме тргнати

пред 3 години

Граѓаните не сакаат кочници и блокади и токму затоа денеска очекувам дека изборот на граѓаните ќе биде најдоброто и ќе го запечатиме токму овој европски пат по којшто е тргната нашата земја, порача од гласањето во Крива Паланка, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

При тоа Николовски посочи дека македонската демократија денеска е пред уште една победа со, како што кажа, фер, демократски, професионални – европски избори за градоначалници и советници.

„Денеска Република Северна Македонија организира нови демократски и европски избори на коишто граѓаните треба да изберат какви општини сакаат и какви градоначалници и советници сакаат да ги водат нивните општини. Нашата македонска земја денеска е членка на НАТО, организиравме после 20 години попис и сме пред почетокот на преговорите со Европската Унија. Овие локални избори се токму на тој пат, на модерен, европски тренд по којшто сме тргнати како земја и враќање назад во минатото нема. Општините мора да се ориентирани и да бидат сервис на граѓаните, а граѓаните верувам дека денеска ќе застанат зад делата, зад проектите и зад напредокот и на државата и на општините“, посочи генералниот секратар на паритјата.

Николовски им честита на граѓаните за одлуките кои ги носат, порачувајќи дека после влезот и членството во НАТО, после завршувањето на пописот и после носењето на одлуките за преговорите со Европската унија, клучно во овој сегмент е и нов мандат на најдобрите градоначалници, на најдобрите советници коишто ќе им служат на сите граѓани.

Share
Scroll to Top