Моравиецки ги отфрли обвинувањата дека Полска е антиевропска

пред 3 години

Полскиот премиер, Матеуш Моравиецки, ги отфрли обвинувањата во Европскиот парламент дека полската влада е антиевропска, нагласувајќи дека европската интеграција е судбина на Полска, но повтори дека Уставот е највисокиот закон во Полска.

„Европската интеграција е наш избор, тоа е нашата судбина“, рече полскиот премиер на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Моравиецки ги отфрли тврдењата дека Владата се подготвува за „полегзит“ откако полскиот Уставен суд претходно овој месец одлучи дека полскиот Устав е супериорен во однос на Договорите на ЕУ, што предизвика остри критики од Европската комисија.

„Полска е и ќе остане дел од Европската унија. Нашата влада е дел од проевропското мнозинство и тоа не значи дека полските граѓани не се загрижени за иднината на Европската унија, таа загриженост е оправдана“, рече Моравиецки.

Share
Scroll to Top