Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во коалиција со СДСМ кои се незадоволни, да му се придружат за формирање на мнозинство во Собранието и советите низ општините.
„ Изборите покажаа дека има сериозно антивладино расположение и незадоволство, а опозициските гласови и нивната заедничка цел е промена на власта и нова иднина за Македонија. Затоа повикувам на здружена опозиција, заеднички до цел за подобра иднина. Секое единствено не носи поблиску да ја победиме оваа власт“, рече Мицкоски.
Тој кажа дека очекува брутална кампања во вториот круг, додавајќи: „Очекувајте бруталност од полицијата на Спасовски, очекувајте од насилниците да се однесуваат понасилно“.
„Очекуваме да победиме секаде каде не сме победиле. Мислам дека сме блиску и до мнозинство во Град Скопје. Фокусот ние да победи Данела во Скопје, а потоа природно ќе се наметне и темата за ново парламентарно мнозинство. Немаме дилема дека ВМРО-ДПМНЕ е победник, а како коалиција очекуваме да формираме ново парламентарно мнозинство“, рече Мицкоски.