Американскиот рапер Канје Вест и законски си го промени името во Је. Судот во Лос Анџелес го одобри неговото барање кое тој го поднесе во август оваа година.
Судијката во Лос Анџелес, Мишел Вилијамс Хорт, се согласи дека тој може да го промени неговото оригинално име Кание Омари Вест.
Је се вика неговиот албум од 2018 година, кога раперот на твитер напиша дека планира да го промени своето име. Тоа го означува зборот ти, во архаичен облик на множина во второ лице вие, во стариот англиски јазик.