Париз ќе засади 170.000 дрвја за да се намали загадувањето во градот

Париз ќе засади 170.000 дрвја за да се намали загадувањето во градот

пред 3 години

Откако неколку години Париз беше еден од градовите со најголемо загадување на воздухот во Франција, градските власти најавија дека ќе засадат 170.000 дрвја за да се подобри климата во престолнината.

Властите најавија дека дрвјата ќе бидат засадени на улици, плоштади, во паркови и покрај автопатите во метрополата, а целта е да се справат со локалните временски промени.

„Дрвото може да апсорбира јаглероден диоксид, да го подобри квалитетот на воздухот и да го разлади градот за време на летните топлотни бранови. Тоа е и природна бариера за бучавата и видливото загадување на воздухот, а придонесува и за благосостојбата на парижаните и го намалува стресот“, рекоа од Францускиот државен совет.

Дрвјата треба да бидат целосно засадени до крајот на 2025 година. Како дел од првата сезона на садење, во 2020/2021 година биле засадени речиси 14.000 дрвја. Градот сега има и свој расадник на дрвја.

Од 2014 година Париз користи автоматски систем за набљудување на разновидноста на дрвјата. Секое дрво има свој личен дигитален идентификациски код, кој се прегледува секоја година.

Париз веќе има околу 200.000 дрвја, а други 300.000 се наоѓаат во урбаните шуми на Булоњ и Винсенс.

Share
Scroll to Top