Фабриката ќе биде лоцирана во Северна Америка. Не е ни чудо, со оглед на тоа колку нови автомобили најави групацијата Stellantis
Stellantis најави електричен „muscle car“ од Dodge и електричен RAM. Производителот предвидува дека до 2030 година, 40 проценти од нивните возила што се продаваат во САД ќе се напојуваат со електрична енергија. За да се исполнат овие прогнози, производителот работи со LG Energy Solution за да подигне нова фабрика за производство на батерии во Северна Америка. Како дел од новото заедничко вложување, фабриката ќе произведува батерии и модули почнувајќи од првиот квартал на 2024 година.
Батериите ќе се испорачуваат до фабриките на Stellantis во Северна Америка за инсталација во plug-in хибриди, како и во електрични возила. Фирмата во моментов истражува каде да се изгради фабриката, а и Stellantis не откривa повеќе детали. Што се однесува до споменатите Dodge и RAM и тие најверојатно на пазарот ќе се појават во 2024 година.
Извор: Додај Гас