Лео дај ми го дресот, ќе ти ја дадам мајка ми

Лео дај ми го дресот, ќе ти ја дадам мајка ми

пред 3 години

На натпреварот ПСЖ – Лајпциг, што се играше вчеравечер во Париз, јавноста ја насмеа транспарентот со кој момче му го бара дресот на аргентинскиот фудбалер.

„Лео дај ми го дресот, ќе ти ја дадам мајка ми“, стои на транспарентот што го држи момчето, додека неговата мајка седи покрај него.

Фотката се споделува на социјалните мрежи. Некои велат дека одамна не прочитале нешто толку смешно, други велат дека пораката е невкусна и неморална, а дека мајката не смеела да му го дозволи тоа.

За потсетување, ПСЖ го победи Лајпциг со 3:2, а Меси постигна два гола.

Share
Scroll to Top