Цукенберг ќе го смени името на фејсбук, социјалниот гигант ќе се ребрендира

Цукенберг ќе го смени името на фејсбук, социјалниот гигант ќе се ребрендира

пред 3 години

Првиот човек на компанијата „Фејсбук“, Марк Цукенберг планира од следната недела да ја ребрендира компанијата и да го промени името, пренесе сајтот Verge, повикувајќи се на извор близок до милијардерот.

Се очекува Цукенберг официјално да го објави новото име наредната недела на 28 октомври, на конференција на која ќе одбележат годишнина. Како што пренесува британски „Гардијан“, новото име ќе биде слично на „Гугл“, кој го промени името на матичната компанија во „Алфабет“.

„Фејсбук“ ќе го направи истото и ќе го позиционира како матична компанија со бројни апликации во своите рамки, како што се „Инстаграм“, „Ватцап“, „Окулус“ и други. Портпаролот на комапнијата не сакал да коментира било какви гласини и одбил да даде одговор на прашањата на новинарите на „Гардијан“.

Потенцијалното ребрендирање доаѓа во време кога „Фејсбук“ се наоѓа под голем притисок поради појавувањето на свиркачот Френсис Хојген, која пред Американскиот конгрес рече дека компанијата го ставила астрономскиот профит пред интересот на луѓтето.

Таа рече дека им штети на децата и ги дестабилизира демократските режими ширум светот.