Потребни состојки:
тост леб
100 гр кашкавал
100 гр шунка
2 јајца
малку путер
сол
масло
Начин на подготовка:
Од лебот исечкајте ги рабовите, па со сукало истенчете го. Намачкајте го со путер и додајте ситно сечкан кашкавал и шунка. Преклопете и затворете ги рабовите. Повторувајте го процесот додека имате материјал. Разматете јајца, потопете го лебот и пржете неколку минути. Послужете ги лепчињата топли.