Американските ѕвезди Аријана Гранде и Кели Кларксон снимија божикна песна два месеца пред празниците. Дуетот Santa Can’t You Hear Me е дел од празничниот албум на Кели, When Christmas Comes Around, кој ќе го промовира следниот месец.
Иако до крајот на годината има уште речиси два месеца, во Америка веќе почна празничната еуфорија, па минатиот викенд беше најавено и 6. продолжение на хит филмот „Сам дома“.