Уште во далечната 1985 година, октомври е прогласен за месец на свесноста за ракот на дојката. Во текот на овој месец се организираат различни настани и мотивациски кампањи што помагаат во борбата.
Светските статистики покажаа дека секоја една од девет жени може да заболи од рак на дојка. Но, ако ракот на дојка се открие навреме, повеќето жени имаат поголеми шанси успешно да се излекуваат и кај повеќето од нив ракот нема да се повтори по лекувањето.
Моментално најдобрата опција за откривање на раната фаза на ракот, кој не може да се открие со допир, е мамографското снимање. Мамограмите се, всушност, рендгенски снимки со мала доза рендгенски зраци на женските дојки и се изведуваат кај жени што немаат симптоми на рак на дојка. Најчесто, овој тип прегледи се препорачуваат по 40-тата година и, секако, тука е прегледот што го препорачуваат лекарите со самонапипување на дојките, при што сугерираат обраќање кон надлежниот лекар ако се забележи каква било промена.
Во светски рамки, овој месец е поддржан од многу институции и компании во светот, што е од голема корист за оние што се борат, но и за сите останати што на каков било начин треба да бидат информирани и запознаени со оваа состојба на женското тело.
Халк Осигурување АД Скопје важи за компанија што се стреми за еднаквост на половите и втора година по ред ја поддржува кампањата со продуктот „Доброволно приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје“, а, меѓу другото, има покритие за целокупниот процес на лекување на ракот на дојка, и тоа од моментот на детекција и дијагностицирање, односно сите потребни дијагностички постапки, второ мислење до хируршка интервенција, како и радиотерапија и лекови.
За жал, бројките покажуваат дека освен кај повозрасната женска популација, оваа болест сè почесто се појавува и кај помладата женска популација и, реално, сè повеќе психички влијае врз нив. За таа цел, во своето покритие, „Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје“ има и покритие за психијатриски услуги во случај на дијагностицирано малигно заболување, кое на некој начин би им помогнало на нашите осигуреници полесно да ја прифатат новонастанатата ситуација во која се наоѓаат.
Овој начин на подигнување на свеста во општеството е поддржан во светски рамки, како и задолжителната ехо-проверка по 30-тата година. Здравјето е дел од културата, погрижете се секогаш да ви биде на прво место. Направете ја и вие вашата проверка!
(ПР текст)